Ќе победи ли конечно Јувентус? Старата дама ќе биде на голем тест во дербито

Следниот викенд ќе има неколку интересни дерби-дуели во најсилните европски фудбалски првенства, а вам ви останува предизвикот да го погодите фиксот на Спортска прогноза и да бидете во трка за освојување на мобилен телефон „ајфон 11“. По првите четири кола, многумина од вас освоија вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари за погодени 12, односно 11 парови од понудата во тековното коло.

Дербито за следниот викенд ќе биде во Торино, каде што Јувентус е домаќин на Милан. Старата дама го има најлошиот старт на сезоната во повеќе од 50 години. На три меча има само еден бод, за разлика од Милан, кој е перфектен со максимални девет бодови. Двата клуба имаат многу навивачи во Македонија, кои сигурно ќе типуваат навивачки, па останува да видиме кој ќе се радува по мечот кој е закажан за в недела.

Освен во Италија, дерби ќе има и во Англија, и тоа градско во Лондон. Тотенхем ќе биде домаќин на Челзи, а гостите ја имаат улогата на фаворит. Освен овие две дерби-средби во Италија и Англија, на понудата за ова коло на Спортска прогноза има уште 11 интересни дуели кои ќе бидат предизвик да се освои Среќна 13-ка, односно да се погодат сите фиксови за освојување на „ајфон 11“.

- Оглас -

Најнови вести