Ќе помогне ли поддршката од Рита Ора, Џенова на осум меча по ред нема дадено гол против Интер

Фотографијата од популарната британска пејачка родена на Косово, Рита Ора, облечена во дрес на Џенова изненади многумина и се прашува која е заднината.

Рита ги воодушеви фановите на овој клуб кој прослави 130 години од своето формирање и ги мотивираше пред вечерашниот дуел со Интер.

Традицијата вели дека Џенова се мачи против Нераѕурите. Џенова на последните осум меѓусебни дуели со Интер нема дадено гол. Последен играч кој дал гол за Џенова против Интер е Горан Пандев во февруари 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести