Ќе помогне ли поддршката од Србинот за Хрватите?

Српскиот голман Дејан Милосављев кој во минатата сезона со Вардар освои титула во Лигата на шампионите во ракомет, јавно преку својот профил на Инстаграм, на пријателлот Игор Карачиќ му посака освојување на златниот медал на Европското првенство.

Хрватите попладнево ќе играат финале против Шпанија, а Милосављев нема дилеми околу тоа за кого ќе навива.

„Пријателе Игор Карачиќ, ти посакувам злато. Среќно, ќе навиваме“ – напиша Милосављев, кој со Карачиќ играа во Вардар и станаа блиски, без разлика на националноста.

 

- Оглас -

Најнови вести