Ќе пука од голови во Лигата на Европа, а Лацио нема да утне зицер во најчудната група

6024 Динамо Киев – Рен (Лига на Европа, 18.45 часот)

Украинците имаат многу маки сезонава во еврокуповите и постојано се гости и кога треба да бидат домаќини.

Поради случувањата во нивната земја, и Динамо Киев игра во Полска, во Краков како домаќин, и тоа се одрази на резултатите.

Гигантот од Источна Европа е последен со три порази во Б групата и ако денеска не го победи Рен, ќе се прости од шансите за продолжување во Лигата на Европа.

Рен е во страшна форма со 9 меча без пораз во Лигата на Европа и во Лига 1 во Франција, а и покрај тоа што постојано продава топ-играчи, тимот од Бретања игра одлично на сите фудбалски фронтови.

Динамо има и големи проблеми со повреди на важни фудбалери, а тројца репрезентативци на Украина, голманот Бушчан, Шапаренко и Супријага, нема да играат, а веројатно на теренот ќе го нема и Бојко.

Рен има топ-класа играчи од калибарот на Калимуендо, Гуири, Терие, Тејт, Мајер… и типуваме дека пак ќе го победи Динамо, слично како и пред една седмица, кога беше 2:1 за францускиот тим.

Предлог тип: 2&ГГ (4.05)

 

6026 Феенорд – Митјиланд (Лига на Европа, 18.45 часот)

Страшно добар меч одиграа Митјиланд и Феенорд пред една недела во Хернинг, а Холанѓаните прокоцкаа предност од 2:0 како гости и си заминаа само со еден бод, по ремито 2:2.

Митјиланд беше поактивен тим на својот терен, а по многу возбудувања, жестока битка со вкупно 9 жолти картони, се спаси од пораз.

Феенорд малку падна во форма, но има подобар тим од борбените Данци и е голем фаворит во вториот меч со Митјиланд во кус рок од една седмица.

Групата Ф е екстра израмнета и сите четири екипи имаат по 4 бода, а типуваме дека Феенорд ќе има 7 по денешниот меч на култниот „Де Кајп“ во Ротердам.

Предлог тип: 1&ГГ (3.05)

 

6028 Бодо/Глимт – Арсенал (Лига на Европа, 18.45 часот)

Арсенал и со комбиниран тим лесно го прегази норвешкото чудо Бодо/Глимт со 3:0 само пред една недела и Топчиите пак се фаворити за нов триумф против тимот од Бодо.

И сега како и на првиот меч нема да играат Габриел Жезус, кој ќе одмори, а со него во составот не се и Зинченко, Смит-Роу и Елнени.

Кај Бодо ќе недостасуваат Фет и Вети, но најмногу им фалат неколку класа фудбалери што беа хит лани и преклани, а во меѓувреме клубот од Норвешка ги продаде.

Одличните Цинкернегел, Хауге, Ботхејм и уште неколку играчи си заминаа, а Бодо/Глимт создава нови фудбалски бисери и игра солидно со гигантите во Европа.

И сега се втори во А групата во Лигата на Европа во конкуренција на Арсенал, ПСВ Ајндховен и Цирих, но сепак се доста послаби од моќните Топчии од Лондон и типуваме дека пак ќе загубат, овојпат со постигнат гол.

Предлог тип: 2&ГГ (2.95)

 

6031 ПСВ Ајндховен – Цирих (Лига на Европа, 21 часот)

Актуелниот првак на Швајцарија, екипата на Цирих доживеа невиден пад во новата сезона и е многу слаб на сите фронтови.

Во квалификациите за ЛШ испаднаа од Карабах, во домашното првенство се последни и единствени без победа по 10 кола, а и во Лигата на Европа се пред елиминација и немаат ниту еден бод на три меча.

Ако загубат вечерва од ПСВ Ајндховен, можат да се простат и од надежите за продолжување на европскиот фронт како учесници во Конференциската лига.

ПСВ Ајндховен има топ-зицер со победа да ги претрка или Арсенал или Бодо/Глимт во битката за првата позиција во А групата.

Само пред една седмица, некогашниот европски првак од Холандија го декласира Цирих со 5:1 на гости, па нема да биде изненадување ако резултатот биде сличен и денеска на „Филипс арената“ во Ајднховен.

Предлог тип: 1&3+ (1.59)

 

1615 Лацио – Штурм (Лига на Европа, 21 часот)

Многу интересна е ситуацијата во Ф групата и сите четири екипи имаат по 4 бода пред стартот на четвртото коло и сите опции се во игра за продолжување на настапот во Лигата на Европа.

Лацио и Штурм одиграа интересен меч во Грац, кој заврши без голови, а имаше и многу нервоза со вкупно 8 жолти картони.

Италијанците имаа поголем посед на топката, 59:41, но австрискиот тим беше поопасен со повеќе удари кон голот на Проведел.

Штурм го победи Лацио на единственото гостување кај римјаните со 1:0 пред 20 години во тогашниот Куп на УЕФА, но тоа беше Пиров триумф бидејќи загубија со 1:3 и испаднаа.

Лацио повторно е фаворит и типуваме дека нема да направи кикс против солидната екипа од Грац.

Предлог тип: 1 (1.53) Супер тип на Sport Life

 

 

- Оглас -

Најнови вести