Ќе се делат бодови во Рим, Барса ќе ја освои „Аноета“

3654 Рома – Наполи (20:45ч)

Во претходните четири меѓусебни дуели редовно се издвојувал победник, но големи се шансите Рома и Наполи вечерва ќе ги поделат бодовите на „Олимпико“ со оглед на тоа дека се изедначени со по 50 бода на табелата во Серија А.

Двете екипи водат тесна битка со Аталанта за последното место кое води во Лигата на шампионите, па затоа желбата за победа може да им наштети на денешните ривали. Наполи сезонава ретко ремизира, во 26 меча само трипати делеше бодови со противникот, додека Рома има пет ремија во 27 кола досега.

Од април 2012 година па досега, Рома во девет наврати го вгостила Наполи и редовно една страна на крајот се радувала на победа, па можеби е време токму вечерва да се прекине таа традиција.

Предлог тип: X (3.50)

 

1350 Реал Сосиедад – Барселона (21ч)

Сосиедад ослабен ќе ја пречека разиграната Барселона која цели на петта победа во низа и одржување на чекорот со водечките Атлетико и Реал Мадрид во шампионската трка. Искусните Давид Силва и Начо Монреал ќе го пропуштат овој меч, што на Каталонците им ја олеснува задачата да ја освојат „Аноета“ како што го стори тоа во четири наврати од последните пет гостувања во Сан Себастијан.

Меси е во одлична форма, што е голем проблем за домаќините, на кои пак намерата им е што побрзо да се избрише киксот против Гранада од претходното коло. Сосиедад речиси пет години чека на триумф против Барселона на домашен терен, и големи се шансите тоа чекање да биде продолжено.

Предлог тип: X2 & T22+ (1.94)

 

1710 Олимпик Лион – ПСЖ (21ч)

Дерби кое може да ја одреди битката за шампионската титула во Лига 1, доколку вечерва една од екипите ги освои важните бодови. Лион и ПСЖ по 29 кола се на делба на втората позиција на табелата со по 60 бода, па затоа победа е императив на двете екипи со цел да не му дозволат на Лил да избега на врвот во клучниот дел од сезоната.

ПСЖ има речиси одличен биланс против Лион, со четири победи во последните пет меѓусебни средби во сите натпреварувања. Сепак, Лавовите докажаа дека не случајно се во битка за титулата откако приредија шок на „Паркот на принцовите“ со минималните 1-0 во првата овосезонска пресметка.

За разлика од претходните дуели кои биле исполнети со погодоци, сега ќе се тактириза бидејќи влогот е голем, па затоа може да се очекува еден погодок да биде одлучувачки.

Предлог тип: 0-2 (2.40)

 

1110 Лестер – Манчестер јунајтед (18ч)

По овој меч ќе се знае последниот полуфиналист во ФА купот, каде што веќе чекаат Саутхемптон и Манчестер сити. Лисиците нема да сметаат на првотимците како Медисон, Барнс и Џастин, но и Солскјер е во проблеми со отсуствата на Рашфорд и Мата, додека Марсијал и Кавани се неизвесни.

Тоа не треба да значи дека нема да има возбудлива пресметка. Купот е едно од натпреварувањата кое е цел на Црвените ѓаволи да го освојат и затоа сериозно ќе пристапат во средбата.

Јунајтед ретко губи на „Кинг пауер“ стадионот, односно славеше во 9 од последните 13 меѓусебни средби против Лестер, додека пред седум години го претрпе последниот гостински пораз кај Лисиците со високи 5-3.

Предлог тип: ГГ3+ (2.15)

 

1004 Астон вила – Тотенхем (20:30ч)

Елиминацијата во Лигата на Европа уште долго ќе биде болна рана за Тотенхем. И оваа сезона ќе се забележи како неуспешна за тимот на Мурињо, кој остана во конкуренција да освои трофеј во Лига Купот доколку слави во финалето против Манчестер сити.

Затоа, целиот фокус Петлите ќе го насочат кон англискиот шампионат каде што треба да обезбедат подобар пласман од моменталното осмо место. Тотенхем уште се надева на четвртото место, но за да се дојде чекор поблиску ќе треба да се надигра непријатната Астон вила.

Домаќините во овој меч влегуваат со лоша форма, односно само еден триумф во последните пет кола. Астон вила не може да се пофали со добри резултати во дуелите против Тотенхем, ако се знае дека ги загубија последните пет средби, додека како домаќин Вила нема победено од јануари 2008 година.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.95)

- Оглас -

Најнови вести