Ќе се најде ли нов Пандев за да го урне Ереван? Ерменија ја победивме само еднаш на гости пред 16 години (Видео)

Селекторот на Македонија, Благoја Милевски, ќе мора да најде рецепт да „измисли“ нов Горан Пандев за денешното гостување во Ереван кај Ерменија, селекција која само една[ сме ја победиле како гости на пет меча.

Едниот го игравме на Кипар, поради корона-кризата, и тоа лани, во ноември, а и тогаш Ерменците беа подобри и славеа со 1:0 во меч од Лигата на нациите.

Со тој пораз Македонија остана во Сегментот Ц, а Ерменците се префрлија во Сегментот Б, па сега е време за реванш во квалификации за Светско првенство.

Токму во таков меч ни е единствената победа против Ерменците на гостински терен, во 2005 година, а победа ни донесе нашиот најдобар фудбалер во овој век, Горан Пандев.

Со два гола во 29-тата минута од пенал и во 47-мата, Пандев ни ги донесе бодовите со победа од 2:1, доволни само за четвртото место во тогашната Прва квалификациска група и не игравме на СП во Германија следната година.

Претходно, во 1995 година ремизиравме 2:2, а потоа имаме порази од 1:4 и 0:4 и тој во Кипар лани со 0:1.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести