Ќе се нервираат легендарните Бед бојс – Детроит загуби од Чикаго со 46 разлика (Видео)

Чикаго булс забележа слатка победа од неверојатни 46 поени разлика против големиот ривал Детроит пистонс што е најголема разлика во овој милениум во дуелите на двете екипи.

Биковите го растурија вечниот ривал со 133:87 во меч во кој ги добија сите четири четвртини.

https://twitter.com/RoarDetroit/status/1481121632269832193?s=20

Никола Вучевиќ со 22 поени беше најдобар стрелец на мечот, пред Демар Де Розан со 20 поени, но и 12 скока и 7 асистенции.

Ривалитетот на двете екипи е огромен, а врвот го доживеа во финишот на 80-те и почетокот на 90-те години на минатиот век, кога познатите Бед бојс на Детроит со Ајзеа Томас како лидер неколкупати во легендарни плејоф серии беа подобри од Биковите предводени од иконата на светската кошарка Мајкл Џордан.

- Оглас -

Најнови вести