Ќе се одбрани ли Верстапен од болидите на Ферари?

Денеска ќе биде познат првиот победник во новата сезона во Формула 1 шампионатот, а се вози на патеката за Големата награда на Бахреин. Според вчерашните квалификации, јасно е дека ова ќе биде борба меѓу два тима. Ред Бул на актуелниот шампион Макс Верстапен против дват болида на Ферари.

Шарлс Лекпер со Ферари беше најбрз на вчерашните квалификации и ќе стартува од пол позицијата, а веднаш до него ќе биде Верстапен. Во вториот ред распоредот е ист. Болидот на Ферари со Карлос Сајнц во него, е пред тој на Ред Бул на Серхио Перес.

Најтрофејниот возач во Ф1 историјата, Луис Хамилтон ќе стартува дури од петата позиција. Британецот со Мерцедес делуваше немоќен на вчерашните квалификации во однос на болидите на Ред Бул и Ферари, но Хамилтон е возач кој никогаш не смее да се исклучи од битката за највисок пласман.

- Оглас -

Најнови вести