Ќе се прави „голема тројка“ – Лејкерс бира меѓу Ирвинг и Вокер

Во Лос Анџелес денес владее еуфоријата околу доаѓањето на Ентони Дејвис. Лејкерси „жртвуваа“ тројца кошаркари и три идни пикови за да ја добијат ѕвездата на Њу Орлеанс, но нивниот летен план за зајакнување на тимот нема да застане таму. Намерата е да се доведе уште еден врвен кошаркар кој има статус на ѕвезда, па така втората најтрофејна франшиза ќе бира меѓу Кајри Ирвинг и Кемба Вокер.

Вокер од 1 јули ќе биде слободен играч, така што стана приоритет на Езерџиите и прво ќе се брка неговиот потпис, додека пак, Ирвинг е „бек-ап“ опција. Веќе е познато дека Ирвинг одби да го продолжи договорот со Бостон, па така и тој ќе биде без клуб по првиот ден од идниот месец.

Без разлика кој ќе прифати да го облече златно-виолетовиот дрес, несомнено Лејкерс ќе има „голема тројка“ заедно со Џејмс и Дејвис, па сосема оправдано ќе ја имаат фаворитската улога за шампионската титула.

- Оглас -

Најнови вести