Ќе се случи ли сензација? Герет Бејл доаѓа дома, второлигаш е главен кандидат за ангажман на Велшанецот

Велшкиот клуб Кардиф сити кој се натпреварува во Чемпионшип лигата во Англија е главен фаворит за ангажман на Герет Бејл. Познатата британска обложувалница „Одчекер“ драстично го намали коефициентот на Кардиф сити како можна следна дестинација на велшкиот репрезентативец од 16 на 2.30.

Кардиф кој е роден град на Бејл е главен фаворит за нова фудбалска дестинација на познатата ѕвезда. Во понудата на „Одчекер“ следи Интер Мајами, каде главен е Дејвид Бекам, па како трета варијанта е кам-бекот на Герет во Тотенхем, па следи евентуално заминување во Кина, а најмали се шансите за трансфер во Челзи, или Пари Сен Жермен.

Реал Мадрид се обидува да го продаде Бејл, една година пред да му ситече договорот, најмногу поради астриномската плата на играчот што не настапува за нив, односно е позајмен на Тотенхем.

Бејл има неделна плата од околу 700 илјади евра, што е астрономска сума дури и за Кралскиот клуб.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести