Ќе се врзат два циклуси со пандемијата – И Интер ќе игра денеска во Лигата на шампионите

Пандемијата со Ковид-19 го стори и невозможното и успеа да спои два циклуси во Лигата на шампионите во исто време.

На големата сцена вечерва завршува осминафиналната рунда со двата реванш дуели меѓу Барселона и Наполи и Баерн и Челзи, а потоа ќе продолжи со октетот најдобри кои ќе се борат за титулата во Португалија, додека истовремено денеска од 15 часот започнуваат и квалификациски дуели за следното издание на Лигата на шампионите.

Ќе игра и Интер, но од Андора и тоа нокаут полуфинален меч против шампионот на Косово, Дрита. Тој меч ќе се игра во Нион, Швајцарија од 18 часот.

Три часа претходно и официјално ќе почне новото издание на Лигата на шампионите со дуелот меѓу Тре Фјори од Сан Марино и Линфилд од Северна Ирска.

Ќе се игра на истото место во Нион, а победниците ќе играат меѓусебе во финалето за пробив во квалификациите за Лигата на шампионите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести