Ќе стави ли Мурињо „автобус“ пред голот на Рома? Двоцифрена е квотата за Сосиедад до добие пенал, а Волчицата црвен картон

Рома победи со 2:0 на првиот меч во Рим, а тоа е капитална предност кога се работи за италијанска екипа, посебно ако на клупата за тренер го имаат и Жозе Мурињо. Филозофијата на италијанските екипи е да ја бранат предноста, а тоа најдобро се виде и на дуелот Порто – Интер, кога гостите имаа еден гол позитива и на крајот успеаја да одиграт 0:0 на „Драгао“.

Според многумина, дуелот во Сосиедад може да има слично сценарио, па во еден таков случај може е интересно на Специјалниот сингл да се брка играта дека првиот погодок ќе биде постигнат по 51-вата минута, односно во вториот дел.

Стандардни се игрите и за прв стрелец на голот и стрелец во текот на средбата, како и игрите за прв или последен корнер, прв или последен жолт картон и кој ќе ја изврши првата измена.

Комбинацијата да има црвен картон за Рома и пенал за Сосиедад е со квота 10. Тука се и статистичките игри за бројот на упатени шутеви во рамки на гол, како и бројот на корнери, жолти картони, фаули и офсајди.

- Оглас -

Најнови вести