Ќе водат трансфер-политика со помош на популарната симулација

Претседателот на францускиот прволигаш Тулуз, Даниел Комоли, најави дека во блиска иднина клубот ќе ја користи популарната симулација „Football Manager“ за потрага по потенцијални засилувања.

Светската видеоигра со годишно издание веќе долго време се користи во фудбалот како агрегатор за откривање таленти. Голем дел од европските гиганти се потпираат на анализите и датабазата на оваа симулација, а има и бројни талентирани играчи кои моментално се пробиваат во кремот, а нивниот потенцијал се откри токму со помош на „Football Manager“.

„Засега не ја користиме симулацијата, но тоа ќе се смени во блиска иднина. Нема целосно да се потпреме на „Football Manager“, но дефинитивно ќе ни помогне да пронајдеме адекватни играчи кои ќе ни донесат успеси“, посочи Комоли.

- Оглас -

Најнови вести