Ќе заборават како се игра фудбал – Французите ќе ја почнат идната сезона на 22. август

Грото француски фудбалски клубови ќе имаат пауза од речиси половина година, а денеска е најавено дека новата сезона 2020/21 би требало да почне на 22. август.

Светските прваци кикснаа на клупски план, барем според реакцијата на повеќето прволигаши и одлучија предвреме да ја прекинат оваа сезона, единствени од Топ-5 лигите во Европа.

Со најавениот план да го почнат следниот циклус на 22. август, тоа значи дека голем дел од клубовите ќе немаат официјални натпревари од март годинава, што е огромна пауза.

Исклучок се Пари Сен Ѓермен и Лион кои би требало да ја доиграат сезоната во Лигата на шампионите. Лион ќе му гостува на Јувентус, според планот на УЕФА на 7. август, откако во март пред прекинот на натпреварите во ЛШ поради Ковид-19 славеше на домашен терен со 1:0.

ПСЖ веќе е четвртфиналист бидејќи успеа да ја елиминира Борусија Дортмунд пред да почне пандемијата со Коронавирус.

Французите се уште не одлучиле дали и кога би се играле двата финални меча, во националниот куп меѓу ПСЖ и Сент Етјен, односно во Лига купот, каде за пехарот треба да се судрат ПСЖ и Лион.

- Оглас -

Најнови вести