Одиграјте го последното коло на Спортска прогноза, ајфонот да биде шлаг на втората сезона

Последното 34-то коло од втората сезона на Спортска прогноза е во тек и ова е шанса некој од улесниците да се закити со прекрасниот „ајфон“ што го доделуваме за погодени 13 двојки.

За крај ви нудиме многу интересни натпревари во играта што е бесплатна со многу награди за учесниците. Стандардно сабота е последен ден за типување, но тоа можете да го сторите веднаш за да се вклучите во трката за главната премија „IPhone XS“, што се доделува за перфектна прогноза и за погодени 13 натпревари од основната програма во секое коло.

Главното дерби ќе се игра на „Вембли“ меѓу Манчестер јунајтед и Челзи, во рамки од полуфиналето на ФА купот. Тој меч ќе се игра во недела од 19 часот.

Половина час подоцна Горан Пандев ќе ја предводи Џенова во дербито на долниот дел од табелата во Серија А против Лече, а и финишот на среќната тринаесетка е со дуели од Калчото.

Рома му е домаќин на Интер во недела од 21.45 часот, а завесата на втората сезона на Спортска прогноза ќе биде понеделнички со големото дерби меѓу Јувентус и Лацио во ист термин од 21.45 часот.

Вообичаено има за типување и два натпревари како резервна варијанта, а поените и од овие дуели се многу важни за Генерален пласман.

Не чекајте, прогнозирајте го последното коло за оваа сезона и очекувајте убави награди од Sport Life.

 

 

- Оглас -

Најнови вести