Кејн повторно заигра за Тотенхем, навивачите го поздравија со песна

Појавувањето на Хари Кејн во екипата на Тотенхем е главна вест во денешните први попладневни мечеви од Премиерлигата. Кејн на гостувањето кај Вулверхемптон, беше оставен на клупата за резерви, Кејн уште од декември 2018 не бил резерва на премиерлигашки меч, а влезе во игра на местото на Хеунг Мин-Сон.

Фановите на лондонските Петли со песна за поддршка го поздравија Кејн, а домашната публика го провоцираше со песни за Сити. Тотенхем победи со 1-0, со гол од пенал на Деле Али. Продолжи традицијата кога Деле Али дава гол, Тотенхем речиси никогаш да не губи (кога Али бил стрелец, тимот има само еден пораз на 45 меча во премиерлигата). По две кола, Тотенхем има 6 бода, со гол-разлика 2-0.

Манчестер јунајтед не успеа втора сезона по ред со пресврт „еден во два“ да победи на гости кај Саутхемптон. Светците водеа по првото полувреме, но треба да бидат пресреќни што не загубија, иако тие имаа голема шанса и за победа. За Црвенте ѓаволи ова е 27-мо премиерлигашко гостување по ред без пораз, со што го изедначија рекордот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести