Кејн сам си лобира за трансфер во Сити: Додавањата на Де Бројне се сон за секој напаѓач

Големи се шансите за Тотенхем да остане без својот најдобар фудбалер Хари Кејн во текот на летниот преоден рок, кој посочи дека сака да заигра за клуб со којшто ќе може да освојува трофеи.

Неговата желба да замине од Лондон го вклучи алармот кај останатите англиски гиганти. Манчестер јунајтед и Сити заедно со Челзи застанаа во редот да преговаат со Тотенхем, од каде што велат дека најмалку 140 милиони фунти е сумата по која би се започнале преговори.

Кејн во меѓувреме сам си лобира за трансфер во новиот англиски првак со пофалби кон Кевин де Бројне, белгискиот играч за врска, кој беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата минатата сезона.

„Де Бројне навистина е посебен играч. Секогаш кога го гледам како игра, се воодушевувам. Неговите додавања и создавање шанси за гол се сон на секој напаѓач. За мене тој е комплетен фудбалер“, изјави Кејн.

- Оглас -

Најнови вести