Келн ја презентираше својата нова маскота

Германскиот фудбалски клуб Келн, официјално ја претстави својата нова маскота, козата Хенес Деветти, која го наследува Хенес Осми, кој се повлекува од „функцијата“ после речиси 12 години, и тоа од здравствени причини.

Во Келн се среќни со новата маскота која е многу слична со легендарниот Хенес Први, кој во далечната 1950 година беше земен од циркус и стана маскота на клубот.

Хенес Осми присуствуваше на многу мечеви од 2008 наваму, Келн имаше турбулентен период, играше и еврокупови, но играше и во втора лига. Тој има остеоартритис и слично како кај луѓето, тоа му создава болки и проблеми особено при неповолни временски услови.

Новата маскота е млада, уште некастрирана, родена во февруари 2018 и има долги рогови. Од август минатата година живее во Зоолошката градина во Келн. Тој останува таму, но за време на домашните мечеви на Келн, ќе биде на стадион.

- Оглас -

Најнови вести