Келтите „полудеа“ по џинот од 229 сантиметри (видео)

Бостон ноќеска стигна до 19-тата победа сеонава, откако на домашен терен го надигра тимот на Детроит пистонс со 114:93. За време на средбата во „ТД Гарден“, тренер Бред Стивенс му пружи прилика на Тако Фол да дебитира пред домашната публика.

Џентарот висок 229 сантиметри експресно стана миленик на навивачите, па така целата сала еруптираше откако Фол ги направи првите чекор на паркетот од Келтите.

Инаку, Фол за неполни пет минути реализира пет поени и два скока.

- Оглас -

Најнови вести