Кемба го буди Шарлот во финишот на сезоната во НБА

Кемба Вокер (Шарлот хорнетс – Минесота тимбервулфс, НБА, 00 часот)

На одличниот бек-шутер на Шарлот не му лежи играта на Минесота и неколкупати по ред се мачи да ја мине границата од 20 поени против Волците.

Но, ноќеска за него е сосема поинаков меч и мора да биде лидер на составот што фаќа еден од последните возови за плејофот. Хорнетс имаат четири порази на последните пет меча и за нив против Минесота е меч да се биде или не. Ако победат, ќе останат во битката за осмата позиција во Источната конференција и место во плејофот.

Вокер е играч број 1 во овој состав на Шарлот и мора да одигра најдобро што умее, а знае да игра одлична кошарка и кога е расположен и да ги полни противничките кошеви. Типуваме дека Кемба ќе биде ефикасен против екипата која нема шанси за плејоф и која ноќеска ќе игра без неколку кошаркари кои се повредени.

Предлог тип: Вокер > 26.5 поени (1.90)

 

Карл Ентони Таунс (Шарлот хорнетс – Минесота тимбервулфс, НБА, 00 часот)

Центарот на Минесота има одлична сезона во разочарувачкото издание на Минесота во НБА-лигата. Екипата од која многу се очекуваше и има тројца кошаркари од Олстар-калибар нема да игра плејоф. Повредите беа клучни за неуспехот на Волците, но Таунс се издвојува од сивилото и игра одлично сезонава. Се промовира во еден од најталентираните центри во најсилната лига на светот.

Игра солидно против Шарлот, екипа која кубури со квалитетни кошаркари на позицијата пет. Бијомбо и Целер не се квалитет за да му се спротивстват на Таунс, кој има разновидни решенија под кошот, а честопати знае да погоди и тројка.

Предлог тип: Таунс > 26.5 поени (1.75)

 

Вашингтон визардс – Денвер нагетс (НБА, 00 часот)

Вашингтон е далеку од плејофот, а последните два порази веројатно ќе значат продолжен одмор за Бредли Бил и неговите соиграчи од Визардс.

Денвер бие жестока битка за првата позиција во Западната конференција, што носи привилегија да се има меч повеќе на домашен терен во плејофот во сите фази до финалето.

Психолошкиот момент е на страната на гостите, кои наредија четири победи во низа и имаат шанса да го симнат шампионот Голден стејт од врвот на табелата.

Ноќеска ќе имаат и мала предност ако Тревор Ариза не игра за домашниот тим. Денвер е одлично избалансиран состав со квалитетни кошаркари на сите позиции и е фаворит за победа. Очекуваме да слават во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&>229.5 поени (2.45)

 

Голден стејт вориорс – Индијана пејсерс (НБА, 03.30 часот)

Шампионот сака да го задржи врвот во својата конференција, а до крајот мора да се победува за да се одбијат нападите на Денвер нагетс.

Голден стејт е комплетен, се врати на паркетот и Кевин Дурант и повторно сакаат да атакуваат на шампионскиот прстен. Ноќеска и се домаќини на Индијана, екипа што подолго време игра без најдобиот поентер Виктор Оладипо, а против шампионот веројатно нема да игра и ветеранот Дарен Колисон. Тоа е голем хендикеп, а квалитетот е на страната на Голден стејт и типуваме победа на домашниот тим со хендикеп.

Предлог тип: 1 со хендикеп 10,5 поени (1.83)

 

Донован Мичел (Атланта хоукс – Јута џез, НБА, 00.30 часот)

Мичел игра одлично во финишот на регуларниот дел откако малку му падна просекот на претходните мечеви. Секако, не може да се игра на врвно ниво цела сезона, а бекот на Јута џез е мошне интелегентен кошаркар со неверојатни решенија во играта.

Се наметна како еден од најдобрите млади бекови во НБА-лигата и сега веќе го има статусот на ѕвезда на популарните џезери.

Против Атланта ќе има интересен дуел со Тре Јанг, уште еден одличен млад бек, а очекуваме ефикасна кошарка во „Стејт Фарм арената“ во Атланта и ефикасен настап на Мичел.

Предлог тип: > 25.5 поени (1.90)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести