Кемба Вокер во НБА е од 2011 година, а дури утрово првпат го победи Леброн

Кемба Вокер конечно го разби малерот во дуелите со Леброн Џејмс и дури во 29-тиот обид го победи. Вокер од 2011 до 2019 година играше за Шарлот хорнетс и дури 28 пати (се сметаат и мечевите од плејофот) по ред губеше против екипите за кои игра Џејмс.

„Билансот против Леброн ми е само 1-28. Го водам со 1-0 откако сум во Бостон“, се пошегува Вокер, кој со оваа победа конечно ја запре црната низа и остана без рекорд. Најмногу порази по ред (30) без да победи против некој колега имал Шерман Даглас против Мајкл Џордан.

„Леброн е најдобар играч во мојата генерација. Сигурен сум дека има и други играчи кои никогаш не го победиле или имаат негативен биланс против него“, додаде Вокер, кој со убедливата победа на Селтикс над Лејкерс придонесе со 20 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести