Кепа е најлошиот голман во историјата на Премиер лигата!

Пред само две години, Челзи реши да го сруши светскиот рекорд за купување на голман и плати 80 милиони евра на Атлетик Билбао, доведувајќи го Кепа Аризабалага. Шпанецот веднаш го доби приматот на прв голман на „Стемфорд бриџ“ и со оглед дека имаше само 23 години, челниците на лондонскиот клуб веруваа дека најдоа долгорочно решение за една од најважните позиции во тимот.

Сепак, по само две години, Челзи очајнички бара замена за Кепа. Тренерот Франк Лампард целосно го изгуби трпението кон голманот, па во последното коло од Премиер лигата кога се решаваше дали Челзи ќе игра во Лигата на шампиони или не, Кепа беше седнат на клупа. Кабалјеро беше на голот и одлично си ја заврши работата затоа што Челзи победи со 2:0.

Дека одлуката на Лампард е исправна покажува и статистиката. Од 730 голмани во историјата на Премиер лигата кои бранеле најмалку на 10 натпревари, Кепа има најлош процент на одбранети удари. Само 54,5 отсто одбрани има шпанскиот голман откако Опта воведе детална статистика во Премиер лигата. Оваа сезона, кепа прими дури 47 погодоци, а на 14 од тие голови, голманот воопшто не ни реагирал.

Ако се погледне табелата во Премиер лигата, Челзи е тимот со убедливо најслабата одбрана во Топ 10 екипите со 54 примени голови, колку што има на пример Брајтон кој заврши на 15-тото место сезонава.

Челзи попладнево ќе игра во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Арсенал, а Кепа повторно треба да биде на клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести