Кепа: „Можев да одам во Баерн или да останам во Челзи, но постојат клубови кои едноставно не се одбиваат“

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага летово како позајмен пристигна од Челзи во Реал Мадрид и следната сезона ќе го брани голот на Кралевите. Тој на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна да го замени повредениот Тибо Куртоа, а вели имал понуда од Баерн Минхен и гаранции од Челзи дека ќе брани.

Сепак, во изјава за шпанскиот весник „Марка“ вели дека кога пристигнала понудата од Реал Мадрид, едноставно без размислување прифатил и одлучил да се пресели во татковината.

„Сѐ се случи многу брзо. Вистина е дека Покетино сакаше да останам во Челзи и ми рече дека ќе играм бидејќи ми верува. Меѓутоа, мислам дека промената ќе ми одговара. Сакав промена. Ме повика и Томас Тухел. Бев многу блиску до траснфер во Баерн Минхен. На крајот, Реал Мадрид е Реал Мадрид. Кога ќе ве повика Реал Мадрид, не треба двапати да размислите. Големо е задоволството да се биде тука“, вели Аризабалага.

- Оглас -

Најнови вести