3.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Ќерката на легендарниот Денис Родман стана најплатената фудбалерка во светот

Ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман, Тринити, потпиша нов договор со екипата на Вашингтон Спирит и сега е најплатената фудбалерка во светот.

Тринити Родман ќе заработува нешто над два милиони долари по сезона, со што ја мина Аитана Бонмати од Барселона на оваа листа.

23-годишната фудбалерка е дел и од репрезентацијата на САД, за која има одиграно 47 натпревари и постигнато 11 гола, а беше дел и од селекцијата која го освои олимпиското злато на Игрите во 2024 година.

Според американските медиуми, младата Родман не е во добри односи со својот славен татко и воопшто не сака јавно да разговара за него.

- Оглас -

Најнови вести