„Кец“ на Валенсија ќе им донесе ваучери од 500 денари на седуммина играчи на Спортска прогноза, еден чека нерешено

Валенсија ќе има неколку навивачи плус вечерва за дуелот против Кадис ако се гледаат типувањата на најдобрите во ова коло од Спортска прогноза на Sport Life. Од досега одиграните 12 меча во тековното коло, осуммина прогнозери имаат по 10 погодоци.

Тоа значи дека овие осуммина се во трка за добивање вредносен ваучер од 500 денари доколку успеат да го погодат и конечниот фикс на денешниот меч меѓу Валенсија и Кадис.

Според одиграните прогнози, седуммина од најдобите очекуваат победа на Валенсија, додека само еден верува дека натпреварот ќе заврши нерешено. За „двојка“ никој не ни размислува.

Во бесплатната игра на Спортска прогноза, главната премија е „ајфон 11“, кој се освојува со погодување на Среќна 13-ка, односно погодени 13 парови, додека за 12-ка се добива вредносен ваучер од 1.000 денари. Ова коло е доказ дека со малку повеќе среќа и доволно знаење може да се добијат вредни подароци од Sport Life.

Вечерва да чекаме да видиме како ќе заврши дуелот во Валенсија, а веќе за утре се подготвуваат паровите за новото 18-то коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести