„Кец во два“ победа на Барселона против Линарес (ВИДЕО)

Екипата на Барселона со 2;1 го победи Линарес на гостински терен во рамките на 16-тина финалето од шпанскиот куп.

Домаќините поведоа преку Хуго Дијаз во 19-та минута и со тој резултат се замина на полувремето.

Во вториот дел, пак, Каталонците израмнија најпрвин преку Осман Дембеле во 63-та, а поведоа преку младиот Феран Јутгла во 69-та минута.

Со оваа победа, Барса обезбеди пласман во осмина финалето.

- Оглас -

Најнови вести