Кецмановиќ ја донесе Србија на чекор од финале во Дејвис купот, на потег е Ѓоковиќ

Миомир Кецмановиќ освои многу важен поен за Србија против Италија во полуфиналето на тенискиот Дејвис куп, па сега Новак Ѓоковиќ е тој што треба да ја доврши работата.

Кецмановиќ попладнево во Малага беше подобар од Лоренцо Музети со 6-7, 6-2, 6-1. Откако Италијанецот го доби маратонскиот прв сет кој траеше 73 минути, потоа доминираше Кецмановиќ, а Музети имаше и повреда на бутот која го спречи да даде максимум во третиот сет.

Сега на ред е сингл мечот на Ѓоковиќ против Јаник Синер. Ако победи фаворитот, Србија оди во финале. Ако победи Синер, тогаш дуелот во парови ќе одлучува. Во дубл, за Србија најавено е дека ќе играат Ѓоковиќ и Лајовиќ.

- Оглас -

Најнови вести