Кевин Де Бројне доби тренерска А лиценца

Белгискиот фудбалер Кевин де Бројне се здобил со тренерска А лиценца на УЕФА.

Освен фудбалерот на Манчестер сити, со право да вршат тренерска работа се стекнале и уште неколку белгиски фудбалери: Јури Тилеманс, Дрис Мертенс, Јан Вертонген, Аксел Вицел и Леандро Тросар.

Тренерската А лиценца е втора најсилна во хиерархијата на УЕФА, само Професионалната лиценца е посилна. Со диплома од ниво А, тренерот може да води младински тимови до 18 години и тимови од втор ешалон.

- Оглас -

Најнови вести