Кевин Лав со искрена љубов – Донираше 100 илјади долари за работниците во „Филдхаус арената“

Кевин Лав покажа дека има големо срце и грижа за заедницата во Кливленд и донираше 100 илјади долари за да им помогне на работниците во „Рокет Мортгејџ Филдхаус арената“ во моментите кога тие останаа без работа поради прекин на НБА-шампионатот.

„Нив речиси и не можете да ги видите, но работат напорно за сè да биде беспрекорно во салата и за нас играчите и за гледачите. Живеат од дневница, што сега нема да ја имаат поради прекин на првенството. Мораме да им помогнеме. Ги охрабрувам сите што имаат можност да донираат средства за да покажеме дека можеме да си помогнеме во овие тешки моменти“, изјави Лав.

Руди Гобер и Донован Мичел засега се единствените кошаркари во НБА-лигата, двајцата од Јута џез, што се заразени со Коронавирус, па шампионатот беше веднаш прекинат на неодредено време.

Акцијата што ја покрена Лав веднаш наиде на поддршка од НБА-ѕвездите и сопствениците на тимовите, а дека ќе се приклучат со парични донации најавија и сопствениците на Далас, Марк Кјубан, Тони Реслер, кој е сопственик на Атланта хоукс, центарот на Шарлот хорнетс Коди Зелер и многу други.

- Оглас -

Најнови вести