Кевин подобро да си седеше дома – НБА се посрамоти со циркусот „влези-излези“ за Дурант (Видео)

Кевин Дурант е бесен по циркусот што му се случи ноќеска на мечот со Торонто репторс, а вели дека очигледно во НБА која како сака ги толкува протоколите во ерата на Ковид-19.

На еден од најдобрите играчи на светот најпрво му беше забрането да игра, иако тој лично нема позитивен тест, туку бил во контакт со личност што е заразена со Ковид-19.

Потоа му беше дозволено да влезе во игра и како резерва настапи 19 минути за Бруклин нетс, но повторно мораше да го напушти паркетот во третата четвртина по наредбата дека веќе не може да игра.

Ваквиот, досега невиден циркус му ја прекина низата од 866 натпревари на Дурант на кои секогаш бил стартер во тимовите за кои играл. Ноќеска за првпат во кариерата настапи, влегувајќи во игра како резерва, а реагираше со Твит дека „навивачите не се глупави и дека не можат да се излажат со хаотичната примена и толкување на протоколите“.

 

- Оглас -

Најнови вести