Денеска во Кино Фросина во МКЦ се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојузот на Спортови на Скопје.
Изборот го правеше Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.
За најдобар е прогласен кикбоксерот Бобан Илиоски од Кикбокс клубот Шампион. Илиоски годинава беше светски првак во кикбокс (лоу-кик) во категоријата до 86 килограми.
Во топ 10 влегоа и Мери Акиевска (Фитнес и аеробик), Игор Стефановски-Иџе (Автомобилизам), Дејан Георгиевски (Таеквондо), Ахмад Магомедов (Борење), Дарио Ивановски (Атлетика), Лина Ѓорчевска (Тенис), Андреас Трајковски (Атлетика), Петар Заборски (Карате) и Петар Спасеновски (Карате).
Најдобар млад спортист е кикбоксерот Силвио Мировски, кој освои второ место на младинско Европско првенство.
Во категоријата Најуспешна спортска екипа од Скопје наградата ѝ е доделена на Специјалната олимпијада (за високи резултати освоени во Бадминтон, Пливање и Атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17 – 25.06.2023 година).
Во категоријата Најуспешен тренер награден е Дејан Митровски (Кикбокс клуб Шампион, Фитнес Клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).
Оваа година во категоријата Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје поради немање високи резултати од странските играчи кои настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.