Кикс на организаторите на „Индијан Велс“

Организаторите на тенискиот Мастерс 1000 турнир во Индијан Велс кој почнува утре во калифорниската пустина, на „Твитер“ објавија кои се можни четвртфинални двојки, а потоа ги избришаа.

Првиот носител Новак Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во втората рунда за ривал ќе добие квалификант. Тој само во евентуално финале може да се сретне со Рафаел Надал или Роџер Федерер, со кого ја бркаат шестата титула на овој турнир. Лани Ѓоковиќ испадна во првото коло од Даниел Таро, но сега веќе не е повреден и важи за главен фаворит.

Според „желбите“ на организаторите, младите и аутсајдерите немаа шанса, па Србинот во четвртфиналето би се сретнал со Доминик Тим, Надал би играл со Иснер, Зверев со Андерсон, а Федерер со Нишикори.

Интересно е што Иснер иако е Американец, беше погрешно напишан на веста на „Твитер“ за проектираните четвртфинални двојки, а исто така утнаа и некои од можните четвртфинални дуели бидејќи тенисерите се на другата страна од ждрепката.

- Оглас -

Најнови вести