Килијан ги убива противниците со голови (Видео)

Килијан Мбапе го постигна и седмиот гол на последните четири натпревари што ги игра, откако се врати по повредата, а вечерва ја затресе и мрежата на Дижон.

Во 19. минута во типично негов стил во контранапад, Килијан реагираше одлично по асистенцијата на Анхел Ди Марија и погоди за предност на ПСЖ од 1:0.

Серијата ја почна како резерва против Ница со последен гол за победа од 4:1 на светците, а потоа приреди подвиг против Бриж со три гола исто како замена од клупата и продолжи против Марсеј со „двојка“ и денеска со гол.

Мечот против Дижон е во тек и Мбапе има шанса да си го подобри салдото со голови.

https://www.youtube.com/watch?v=jVD0bz3HWIY

- Оглас -

Најнови вести