Ким Кардашијан им донесе малер на Арсенал и ПСЖ, а фановите на Ливерпул ја канат да го гледа следниот нивен натпревар

Фудбалерите на Рен вчера приредија големо изненадување во Лига 1, како гости со 1:2 го победија ПСЖ и му ја прекинаа серијата од 35 натпревари без пораз на „Паркот на принцевите“ во домашниот шампионат.

Таа серија траеше точно 715 дена и беше прекината токму кога од трибините, натпреварот го следеше ријалити ѕвездата од САД, Ким Кардашијан, а навивачите ширум Европа веднаш ја обвинија дека е малер.

Кардашијан претходно, во четвртокот го следеше натпреварот на „Емирати“ меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон, на кој Топчиите беа големи фаворити. Но, пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа обезбеди португалскиот тим, кој славеше по подобро изведување пенали.

Иако навивачите не сакаат да ја видат Кардашијан на своите стадиони, фановите на Ливерпул се обидуваат да ја натераат да го следи нивниот иден натпревар. Тие преку социјалните мрежи ја повикуваат на 1 април да присуствува на стадионот „Етихад“, каде што Ливерпул му гостува на Манчестер сити, надевајќи се дека ќе им донесе лоша среќа на Граѓаните.

 

- Оглас -

Најнови вести