ПСЖ посрамотен на „Паркот на принцовите“ и го претрпе првиот пораз сезонава во првенството (Видео)

Францускиот првак Пари Сен Жермен загуби на свој терен од Рен со 0:2, во меч од 28. коло во домашното првенство. Рен е тим кој се бори за место кое следната сезона ќе ги одведе во европските купови, го изненади фаворитот и тоа со два гола во краток период.

Се играше последната минута од првиот дел кога Токо Екамби одлично доби една топка од далечина, одлично се снајде покрај домашните стопери и успеа да погоди за 1:0 на полувреме.

Само што започна вториот дел, следуваше нов шок за домаќините. Во 48 минута Арнауд Калимуендо, доби одлична топка во петерецот и погоди за 2:0. ПСЖ во нападот беше со Мбапе и Меси, а веднаш зад нив и Верати, но делуваа немоќно и не успеаа да го срушат дефанзивниот ѕид на гостите.

За ПСЖ ова е прв пораз сезонава на домашен терен во првенството. Досега нивниот биланс беше 13 победи и две нерешени.

- Оглас -

Најнови вести