Кимих е позитивен на ковид-19, а Баерн Минхен спреми астрономска казна поради тоа што не е вакциниран

Џошуа Кимих излезе позитивен на последното тестирање на вирусот ковид-19.

Фудбалерот на Баерн Минхен кој го привлече вниманието со својата изјава дека не сака да се вакцинира бидејќи сè уште не е познато кои се долгорочните негативни ефекти на вакцината, ќе мора да оди во изолација.

Поради тоа што нема вакцина, тој ќе треба да седи подолго време во карантин, а клубот ќе му испорача своевидна казна со тоа што ќе му одземе пари од платата.

Кимих ќе остане покус за неверојатни милион и петстотини илјади евра поради ваквата одлука да не се вакцинира.

Останува да се види каков ќе биде ставот на фудбалерот по враќањето на терените и треба да се види дали ќе го промени мислењето.

Покрај него, уште тројца играчи на Баерн Минхен немаат примено вакцина против овој вирус, а станува збор за: Чупо Мотинг, Џама Мусаила и Серж Гнабри.

- Оглас -

Најнови вести