Кин не знае што е битка за опстанок – Им се чудеше на играчите на Астон вила (Видео)

Рој Кин им се чудеше на играчите на Астон вила, кои го славеа опстанокот по мечот со Вест хем. Легендата на светскиот фудбал како играч на Манчестер јунајтед и на Селтик беше навикнат да се бори за титулите во Англија и Шкотска, но и во европските купови, па во свој стил ја коментираше снимката од соблекувалната на Астон вила, на која фудбалерите од Бирмингам го славеа опстанокот во Премиер лигата.

„Не знам зошто се радуваат, не освоија ништо“, кусо коментираше ладнокрвниот Ирец.

"They didn’t win anything" Roy Keane was not impressed with the Aston Villa players celebrating their Premier League survival from soccer

За Кин трофеите беа нормална работа, а ги има точно 19, од нив 17 со Манчестер јунајтед. Дури 7 пати со Црвените ѓаволи беше првак на Англија, има и 8 пехари во куповите на Англија, а по еднаш ги имаше в раце вредниот трофеј од Лигата на шампионите и од Интернационалниот куп.

Со Селтик по еднаш беше првак на Шкотска и освојувач на националниот куп.

Денеска Астон вила со ремито 1:1 против Вест хем во Лондон во последен миг обезбеди опстанок во Премиер лигата, во битката со Ватфорд и Борнмут, кои му се приклучија на оддамна испаднатиот Норвич.

- Оглас -

Најнови вести