Кинески хокеари си замислија дека се Брус Ли, жестока тепачка (Видео)

На хокеарски меч од националните младински игри во Кина (настан за спортисти до 19 години), се случи голема тепачка во која учествуваа сите хокеари кои се најдоа на мразот, а зачудувачки, немаше повредени. Затоа пак, има суспендирани и тоа со забрана за настап во траење од една година.

Инцидентот се случи на дуелот помеѓу тимови од Шенџен и Хонг Конг. Екипата од Хонг Конг водеше со 11-2, па хокеарите на екипата која губеше, ги нападнаа противниците. Тројца играчи од Шенџен добија едногодишна суспензија, од кои двајца се овие „главни актери“ кои заеднички удираат еден противник.

Погледнете како изгледаше тепачката на младите хокеари:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести