Кинескиот кошаркар Жанг Џинглианг е суспендиран од страна на неговиот клуб Гуангжу лунг откако се обидел во куфер да ја прошверцува неговата девојка во еден хотел.
Гуангжу е на 16 место во ЦБА лигата, а на гостувањето кај Квингдао, кошаркарот Џинглианг посакал ноќта да ја помине во соба заедно со својата девојка. целиот случај е откриен сосема случајно и тоа кога споменатата девојка решила да се пофали за својот потфат на една социјална мрежа.
Кошаркарот кој има само 20 години, во своето објаснување рекол дека му било потребна помош, но од клубот не го прифатиле ова како оправдување и доби суспензија.
Wenn die Sehnsucht so groß ist, dass man seine Freundin einfach im Koffer mitnimmt – das dachte sich offenbar der 20-jährige chinesische Basketballer Zhang Xingliang, der für seine kuriose Aktion nun bestraft wurde. https://t.co/vuFsF4SqTf pic.twitter.com/MfR3geLvL4
— Kronen Zeitung (@krone_at) January 9, 2025