Кинезите не се шегуваат, Меси им е главен лик во најавата на дербито меѓу Интер и Наполи (Фото)

Кинезите не се шегуваат, а според денешната најава за мечот меѓу Интер и Наполи, веројатно и најавуваа сензационален трансфер на Лионел Меси на „Џузепе Меаца“.

Сопствениците на главниот пакет акции во Интер, корпорацијата „Сунинг холдингс груп“ има и своја телевизија, која со фотографија на Лионел Меси на познатиот „Дуомо“ плоштад во Милано го најави дербито што вечерва ќе се игра во Италија.

Сенката на Меси како во препознатлив стил се радува со рацете кренати во знак на молитва е главното обележје на најавата за мечот меѓу Интер и Наполи за кинескиот пазар.

Интер се обидува да направи сензационален трансфер и да го донесе аргентинскиот ас во своите редови. Меси целата професионална кариера ја мина во Барселона, клуб во кој пристигна како младинец во 2001 година.

Од 2004 година настапува за сениорскиот тим и на 485 натпревари постигна неверојатни 444 голови, што е скоро просек од еден погодок по меч.

Живата легенда на светскиот фудбал и еден од најдобрите во историјата на најпопуларната игра на планетата има важечки договор со Барселона до следната година, но и клаузула со која може да си замине, ако не оди во клуб од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести