Кинезот Жао Џинтонг испиша историја во снукерот: Дојде како аматер и стана светски првак

Жао Џинтонг е нов светски првак во снукер, и прв Кинез кој ја освоил оваа престижна титула, пишувајќи историја за својата земја која веќе има дадено бројни талентирани играчи во овој спорт.

Иако дојде на Светското првенство во Шефилд со статус на аматер, поради суспензија од една и пол година, Жao ги изненади сите. Прво ги мина квалификациите, а потоа низ елиминациите покажа дека не е играч кој треба да се потцени.

Најголем шок го предизвика во полуфиналето, кога го победи легендарниот Рони О’Саливен со убедливи 17-7, нешто што ретко кој успеал да направи. Во финалето го очекуваше уште еден великан – Марк Вилијамс, повеќекратен светски првак, но и тој не најде решение за извонредната игра на Кинезот.

Жао го доби првиот сет со 7-1, продолжи стабилно и по втората сесија водеше со 11-6. Иако Вилијамс успеа накратко да го намали заостанувањето и дури освои три последователни фрема за 17-12, во одлучувачкиот момент направи клучна грешка, која Џинтонг ја искористи и го освои последниот фрем за конечна победа од 18-12.

Со оваа сензационална победа, Жао Џинтонг не само што ја освои својата прва светска титула, туку испрати јасна порака дека Кина доби нова снукер ѕвезда од светски ранг.

- Оглас -

Најнови вести