Кирјос: Догодина ќе играм на „Ролан Гарос“, девојка ми сака да го види Париз

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, од 2017 година нема играно на вториот грен-слем турнир во годината, париски „Ролан Гарос“ кој се игра на земјена подлога, а вети дека во 2023 ќе се појави на Отвореното првенство на Франција, само затоа што девојка му сакала да го види Париз.

„Следната година планирам да одам во Париз. Уште сега најавувам дека ќе играм на Ролан Гарос, Не сум играл таму пет години, но ќе се појавам следната, и тоа само затоа што мојата девојка сака да го види Париз“ – изјави 26-годишниот Кирјос на кого најголем успех во Париз му е пласман во трето коло, а во декември изјави дека Ролан Гарос треба да биде укинат.

- Оглас -

Најнови вести