Кирјос е во животна форма, направи нешто што никој не го направил 53 години

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, го освои АТП-турнирот во Вашингтон и потврди дека е во одлична форма, и дека пласманот во финалето на гренслемот Вимблдон не бил случаен.

Со триумфот во главниот град на САД, Кирјос испиша историја: стана прв тенисер во 53-годишното постоење на турнирот кој во иста година го освоил турнирот и во сингл и во дубл.

Во двојки, тој играше со Џек Сок и во финалето ги победија Додиг и Краичек, додека поединечно во финалето беше подобар од Јапонецот Нишиока.

За Кирјос тоа беше втора титула на турнир од АТП 50, и на најновата ранг-листа ќе скокне од 63-то на 37-мо место. Да се сметаа поените од Вимблдон, ќе беше и многу погоре, но и вака факт е дека во моментов е меѓу подобрите на светот.

- Оглас -

Најнови вести