Кирјос емотивен и искрен како никогаш досега: Како го засакав Новак, најдобриот тенисер на сите времиња

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој не настапува на првиот годинешен гранслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, а активен во медиумите работејќи како стручен коментатор за Евроспорт, а пишува и авторски текстови од кои дел му ги посвети на Новак Ѓоковиќ.

Кирјос во текстот „Како престанав да се грижам и го засакав Новак, најдобриот тенисер на светот“, кој го напиша за весникот The Age, го објаснува неговиот однос со српскиот тенисер и како од ривал стана пријател со него.

„Повеќе нема дискусија, Новак Ѓоковиќ е број еден, најдобриот на сите времиња. Спуштете ги рацете долу, нема повеќе прашања. Новак има подобар меѓусебен учинок и против Роџер Федерер и против Рафаел Надал. Ги освои сите гранслем-турнири и ги собори речиси сите рекорди и заработи најмногу пари од турнирите. Ќе кажам нешто во што не верував пред неколку години: Новак е најдобриот тенисер кој некогаш држел рекет во рацете. Ако ме прашавте со кого од големата тројка кога беа на врвот на кариерите би сакал да одиграм еден сет за цел живот, тоа би бил Новак. Едноставно, расправиите за тоа кој е најдобриот на сите времиња повеќе не постојат. Бев еден од оние играчи кои не го сакаа, не го сакав начинот на кој понекогаш се однесуваше на теренот. На почетокот од кариерата често правеше паузи и тоа не ми се допаѓаше. Но, сега гледајќи наназад, никогаш не го разбирав неговото патување. Јас бев млад и не ја разбирав неговата личност. Но, откако малку подобро го запознав, ми стана јасно зошто меѓу нас има сличности“, пишува Кирјос во дел од текстот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести