Кирјос го изненади Новак со едно прашање и доби интересен одговор: Мораш да висиш наопаку 33 минути и три секунди (Видео)

Новак Ѓоковиќ со победата над Тејлор Фриц од 3-1 во сетови, обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното пренство на Австралија, каде што ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Андреј Рубљов, а по мечот на теренот на „Род Лејвер арената“, одлично беше расположен за интервјуто со Ник Кирјос.

Кирјос за време на првиот годинешен гренслем-турнир е ангажиран како коментатор од страна на „Евроспорт“ и на теренот му направи интервју на Ѓоковиќ, со кого во последните години има одличен однос, иако не беше така случај во подалечното минато.

 

Ѓоковиќ за време на дуелот со Фриц, откако го забележа Кирјос во коментаторската кабина покрај теренот, во еден момент му праќаше и бакнежи, додека Австралиецот му возврати со комплименти за неговата игра.

„Ник, изгледаше како да играм против тебе. Знаеме дека Фриц го има еден од најдобрите сервиси на светот. Кога одлично сервира, како што беше случај во мечот со Циципас, знаев дека ќе му претставува закана. Не можев да ги реализирам брејк топките на почетокот, но потоа успеав, и тоа кога беше најважно. Добро сервирав, имав доста асови, можеби повеќе од него и тоа многу ми помогна“, беа првите зборови на Ѓоковиќ.

Кирјос потоа имаше интересно прашање за Новак: Ова никогаш повеќе нема да го правам, па морам да те прашам – кажи ми каде да одам за да го видам тоа твое дрво?, мислејќи на дрвото за кое Ѓоковиќ повеќе пати зборуваше дека му е извор на енергија пред дуелите во Мелбурн.

„Ќе ти го покажам дрвото, но тоа е тајна. Прво мораш да ги соблечеш чевлите и потоа да се качиш на високо на него и да висиш наопаку 33 минути и три секунди и ќе освоиш гренслем“, рече Ѓоковиќ и ги насмеа и Кирјос и навивачите.

Тој исто така зборуваше и за можниот противник во полуфиналето, Јаник Синер или Андреј Рубљов.
„Тоа се различни тенисери кои се наоѓаат во одлична форма. Рубљов беше фантастичен против Де Минор, а Синер го игра најдобриот тенис во животот. Имавме неизвесни мечеви, но сега јас и ти ќе си земеме пуканки и ќе уживаме во мечот“, рече Новак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести