Кирјос има големи планови со Ѓоковиќ за идната година 

Австралискиот тенисер Ник Кирјос најави соработка со Новак Ѓоковиќ во Австралија откако на почетокот од годинава го смени ставот и од најжесток критичар на Србинот, стана добар пријател.

Кирјос застана во одбрана на Ѓоковиќ откако српскиот тенисер во јануари беше депортиран од Австралија, а развија големо пријателство по нивниот меѓусебен меч во финалето на Вимблдон.

Сега Кирјос преку социјалните мрежи, на својот профил на „Инстраграм“ објави дека нивната „романса“ би можела да биде крунисана со заеднички настап во игра на двојки на Мастерсот во Индијан велс што треба да се одржи во март идната година.

„Ако Новак дојде во САД, ќе играме заедно во дубл на Индијан Велс. Дали сте подготвени за такво нешто?“, напиша Кирјос.

 

 

- Оглас -

Најнови вести