Кирјос: Мареј ми помогна да ја победам депресијата

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, повторно се најде во центарот на вниманието на спортската јавноста со шокантното тврдење дека имал големи проблеми со депресија.

Тој откри дека во најтешките моменти, најмногу му помогнал шкотскиот тенисер Енди Мареј.

„Енди секогаш ме поддржуваше. Секогаш кога ќе се појавев на турнирите, тој како да гледаше дека нешто не е во ред со мене и „ме зеде“ под негова закрила. Потоа, сфати дека мислам дека никој не може да ме тренира и дека не сум на вистинскиот пат. Во една прилика, ме праша што ми е тоа на раката. Тоа беше во моментите кога се самоповредував. Тогаш виде дека нешто не е во ред со мене и веднаш почна да ми дели совети буквално за сè“, откри Мареј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести