Кирјос: Не сум како Ѓоковиќ, Федерер и Надал, јас сум како Родман

Во подкастот на славниот боксер Мајк Тајсон, тенисерот Ник Кирјос призна дека идол му е кошаркарската легенда Денис Родман и дека во детството кошарката му била омилен спорт и го тренирал спортот со портокалова топка до својата 14-та година.

„До 14 години тренирав кошарка, а тогаш татко ми ми рече дека е готово со кошарката и да се посветам на тенисот. Тоа ми го скрши срцето“, рече Кирјос.

Кирјос додаде дека најмногу го сака Родман, кој важеше за лошото момче во НБА-лигата.

„Најмногу го сакам Родман. Ми се допаѓаат споредбите со него, секогаш сум сакал спортисти кои работат на свој начин. И јас сум таков. За казни сум платил околу 500.000 долари. Но, јас сакам да бидам како Родман. Не сум како Федерер, Надал и Ѓоковиќ, кои резултатите ги постигнаа на професионачен начин“, вели Кирјос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести