Кирјос нема мерка – Опасно го навреди Надал (Видео)

Ник Кирјос успеа да го победи Жил Симон со 3:1 во сетови и ќе игра во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, но повторно правеше глупости.

Австралиецот со грчко потекло кршеше рекети, а во еден момент опасно го навреди Рафаел Надал, иако Шпанецот не му беше ривал.

Во момент кога доби опомена дека го преминува времето за сервис, Кирјос го имитираше Надал со познатите гестикулации при сервис на шпанскиот ас.

https://twitter.com/Sabrina_Arsenal/status/1220276189203521536?s=20

Тоа се случуваше во финишот на вториот сет, што Кирјос го доби со 6:4 и поведе со 2:0 против Симон. Францускиот тенисер потоа успеа да намали на 1:2 во сетови, но му дозволи на противникот да направи клучен брејк во финишот на четвртиот сет и да победи со 3:1.

Интересно е што во завршницата е можен дуел меѓу Кирјос и Надал, ако двајцата тенисери продолжат да победуваат во раната фаза од турнирот.

- Оглас -

Најнови вести