Кирјос: Никој не може да го запре Новак освен јас!

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос од најголем непријател и критичар на Новак Ѓоковиќ, стана еден од неговите пријатели, а сега вели дека Србинот би можело да дојде и до 30-ти гренслем-титули.

Ѓоковиќ е рекордер во машкиот тенис со 23 гренслем-титули, а 24-тата ќе се обиде да ја освои наскоро во Лондон на Вимблдон, каде што лани во финалето беше подобар токму од Кирјос.

„Никој не може да го запре Новак. Ако јас не го запрам, никој не може. Се надевам дека тој ќе освои 30 гренслема, така би ми било полесно што сум загубил финале на Вимблдон од него. Сега ќе имаше 25-26 ако не беа забраните за влез во Австралија и САД. Гладен е за успеси, кај него се буди голема мотивација, се надевам дека ќе има 28-30 гренслема“, порача Кирјос.

- Оглас -

Најнови вести